Мени

Ученици од “Перо Наков“ ќе даруваат крв

02.10.2013 08:29 | KumanovoNews

 Во економското училиште “Перо Наков“ утре ќе се оддржи крводарителска акција од 8.30 до 13 часот.

Ученици од “Перо Наков“ ќе даруваат крв

Крв ќе даруваат учениците од четврта година од македонските паралелки, а во вторник крв ќе даруваат средношколците од албанските паралелки од истото училиште.

Крводарителската акција е традиционална и е во организација на Црвен Крст Куманово.