Ученици од “Перо Наков“ ќе ја играат “Бегалка“ во Крушево
01.05.2014 09:19
| KumanovoNews
Ученици од средното училиште “Перо Наков“ утре со претставата “Бегалка“ ќе се натпреваруваат на образовното рандеву МАССУМ кое ќе се оддржи во Крушево.
Претставата е адаптирана да трае 30 минути, а во неа настапуваат 12 актери.
- Уште од самиот почеток без изненадена од тоа како течат читачките проби и мислам дека затоа застанав зад проектот на “Перо Наков“. Во текот на подготовките имаше голем прогрес и мислам дека во Крушево ќе дојде до израз потенцијалот на овие средношколци. “Бегалка“ ќе биде изведена на кумановски дијалект и секако дека ќе бидеме забележани - вели Симона Тоскиќ, продуцент.
Претставата е во режија на Филип Стојановиќ кој се погрижи за сценографија, костими и избор на музика.