Мени

Ученици од “Вера Которка“ меѓу најдобрите рецитатори

29.03.2013 09:22 | KumanovoNews

 Ревека Колевска, ученичка во шесто одделение во ОУ “Вера Которка“ од село Клечовце освои прво место на општински натпревар за рецитатори, а Мирослав Стојановски, петоодделенец од истото училиште е трет.

Ученици од “Вера Которка“ меѓу најдобрите рецитатори

Натпреварот се оддржа вчера и завчера во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, а на него се натпреваруваа деца од 12 кумановски училишта.

Децата има една песна по избор, а друга задолжителна. Мораа да внимаваат на акцентот, интерпунцијата, интонацијата, емоционалноста и да ја пренесат песната на слушателот. Ревека прва го скрши мразот, немаше трема, беше многу сигурна и затоа зема прво место. Трето место освои Мирослав Стојановски, а негов ментор е професорката Јадранка Додевска. Сите ученици беа добри, со мали нијанси. Учениците настапуваа пред жири под реден број и жирито во кое беше писателот Стојан Тарапуза, Владо Дојчиновски и други претставници од Друштвото на писатели на Македонија не знаеја кое дете од кое училиште доаѓа. Творби се рецитираа две вечери по ред, бидејќи за една вечер е невозможно да се претстават толку деца  - вели Сунчица Божиновска, ментор на Ревека Колевска.

Наградените рецитатори ќе учествуваат на државен натпревар кој ќе се оддржи во Скопје на Филолошкиот факултет.

                                                          (фото архива)