Ученици собираа знаење на плантажи во Италија
Учениците од Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ се вратија од Сицилија каде три недели беа на размената на ученици.
Таму имале можност да посетат повеќе фабрики за производство на маслиново масло, преработка на овошје, плантажи за одгледување на цитруси. Учениците се задоволни од знаењата што ги стекнале.
Ова беше проект за био - рурал бизнис. Видовме како изгледа производство на вино, пробавме врвни вина, посетивме плантажи каде сопственикот ни објаснуваше како да одгледуваме здрави органски производи. Ги посетивме додека траеше берба, им помогнавме. Видовме плантажи каде имаше од џуџести, па се до џиновски растенија. Бевме во фабрика каде се обработува овошје и интересно е тоа што ништо не се фрла, се од овошката се употребува. Го посетивме вулканот Етна, многу културно - историски споменици, знаменитости - раскажаа ученичките Драгана Петковска и Ивана Милановска на денешната презентација на проектите во земјоделското училиште.
Професорите се задоволни од реализацијата на проектот за мобилност од Фондацијата Леонардо Да Винчи и Националната агенција.