Учениците ќе се маскираат за 1 април
29.03.2013 15:56
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во понеделник во 19 часот ќе се оддржи маскенбал по повод 1 април - Денот на шегата.
Се пријавија педесетина маски, индивидуално учениците ги пријавуваат без покровителство на училиштата. Водител ќе биде Ивце Пивце. Според наши проценки ќе има сигурно над 70 маски, бидејќи и на 1 април до 12 часот ќе можат заинтересираните да ги пријавуваат маските за учество. Ќе има гости од групите „Ултра“, “Мак“ и клубот за танци “Динамик“ - вели Роберт Цветковски, стручен соработник во Центарот за култура.
За најдобрите маски се предвидени и ќе бидат доделени пет награди.
(фото-архива)