Учениците ги слушаат Тоше, Есма, Јоксимовиќ
Песните на Тоше Проески, Есма Реџепова и Жељко Јоксимовиќ се најслушани од учениците во основното училиште “Крсте Мисирков“.
Ова го покажала анкетата што била спроведена меѓу учениците од македонска, српска и ромска националност, како дел од проектот “Музиката е универзален јазик на човештвото“.
На тема музкика, беа одржани неколку работилници, децата изработија краток филм, цртаа и на крајот беше испечатено списание за проектот. Во списанието е објаснета целта на проектот, промовирање на интеркултурализмот како важна димензија на едно училиште, подобро разбирање, почитување на разликите, поетски творби на македонски и англиски јазик - вели Сузана Денковска, педагог во училиштето и учесник во проектот.
Проектот траеше неколку месеци и е финансиран од УСАИД, ФООМ и Детска фондација Песталоци од Швајцарија.