Учениците го одбележаа Денот на дрвото
Учениците во основните училишта и децата во градинката “Ангел Шајче“ во петок го одбележаа Денот на дрвото.
Општина Куманово го обележа Денот на дрвото - засади ја својата иднина. Главно мото на акцијата е “Од желад до голем македонски даб“. Во акцијата се поделени околу 6000 желади - семенски материја. Во секое училиште се определени групи на ученици кои учествуваат во проектот и во координација со професорите по биологија ги посадија желадите во саксии со почва. Ќе се грижат за нив за да одгледаат садници и на есен кога ќе имаат формирана садница од околу 15 см кога ќе се одржи акцијата Денот на дрвото ќе ги посадат садниците во училишните дворови - вели Цветанка Арсиќ, координатор на проектот “Ден на дрвото“ и советник за заштита на животна средина во Општина Куманово.
Акцијата беше обележана во училиштето “Крсте Мисирков„, а и децата од “Христијан Карпош“ засадија садници со кои наесен ќе го красат училишниот двор или ќе бидат засадени на локација посочена од локалната самоуправа.