Учениците ја славеа различноста
Ученици и професори од ОУ “11 Октомври“, ОУ “Крсте Мисирков“, ОУ“Браќа Миладиновци“ и ОУ“Христијан Карпош“ од Куманово, вчера учествуваа на манифестацијата “Ја славиме различноста“ во Скопје.
- Тоа беше гламурозен настан на кој ние се претставивме извонредно. Во Скопје однесовме глинени садови со традиционални мотиви, готвач со српски, ромски, македонски рецепти, имавме модна ревија со модели од еко материјали. Нашите ученици имаа две сценски изведби и испејаа мултиетничка тројазична еко химна. Таму однесовме есенска корпа со пораки “храна за душа“. Децата беа облечени во костими од еко хартија, најлон и имаа мотиви од народни носии. Сите беа пресреќни бидејќи добро се претставивме - рече Мерилин Стојчевска, директор на ОУ “11 Октомври“.
На настанот имаше основци од Скопје, Прилеп и Куманово. Овие проекти се поддржани од УСАИД и Фондација отворено општество Македонија.