Мени

Учениците од “Браќа“ во униформи на училиште

27.03.2014 09:19 | KumanovoNews

Бела кошула и тегет маица со амблем на училиштето од понеделник е задолжителна облека за учениците во “Браќа Миладиновци“.

Учениците од “Браќа“ во униформи на училиште

Училишните униформи се воведуваат на барање на училишниот парламент, а се со цел да не се чувствуваат социјални разлики меѓу децата.

Ние сме прво основно училиште во Куманово кое се униформира. Ова беше желба и барање на училишниот парламент поткрепено од учениците од 5 до 8 одделение. Униформата значи нешто повеќе од блуза и маица, значи име и презиме на тоа училиште, значи потенцијал ученички кое тоа училиште го има и она што е важно, нема разлики помеѓу никого. Тие деца се еднакви без разлика на својот социјален, економски, национален и верски статус - рече Марина Манојловска, директорка на ОУ “Браќа Миладиновци“.

Во понеделник учениците пред училиштето ќе ги презентираат униформите пред граѓаните.