Мени

Учениците од “Киро Бурназ“ на образовно рандеву

16.04.2013 14:33 | KumanovoNews

 Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ во петок и сабота ќе учествува на образовното рандеву за средни стручни училишта во Тетово.

Учениците од “Киро Бурназ“ на образовно рандеву

Ние секоја година учествуваме на оваа манифестација. Ќе се натпреваруваме во повеќе категории и тоа јавен говор, претстава, модна ревија, лична творба, маркетинг план, реклама, ќе се бира најубаво уреден штанд и други категории ќе има, па се надеваме дека ќе земеме и некоја награда - вели професорката Билјана Тодоровска.

Организатор на настанот е Економското училиште “8 септември“ од Тетово.