Учениците од “Кочо Рацин“ меѓу најдобрите во англиски јазик
На републички натпревар за англиски јазик кој викендов се оддржа на ФОН Универзитет, учениците од ОУ“Кочо Рацин“ покажаа добри резултати и се пласираа меѓу првите.
Второ место освои осмооделенката Ивана Митевска, а трети се Меланија Краљевска, Димитри Ѓорѓи, Стефан Милановски, Верица Пауновиќ и Милан Алексовски.
Сите останати ученици имаат над 60 поени и ќе бидат четврто место. На натпреварот учествувавме со 19 ученици. Покажаа одлични резултати, ние сме задоволни. Беа воодушевени од организацијата, убаво си поминаа. Тие го учат англискиот јазик кој е многу важен, доста распространет, имаат каде да го слушнат - вели Ивана Банчоковска, професор по англиски јазик во ОУ“Кочо Рацин“.
На вториот републички натпревар по англиски јазик учествуваа 450 основци од цела Македонија.