Мени

Учениците од “Кочо Рацин“ најдобри по англиски јазик

16.04.2013 07:26 | KumanovoNews

 Основците од ОУ “Кочо Рацин“ викендов учествуваа на натпревар за спелување по англиски јазик кој го организира Американ колеџ од Скопје и Мировен корпус и се пласираа меѓу најдобрите.

Учениците од “Кочо Рацин“ најдобри по англиски јазик

Од 5 одделение двајца ученици се влезени во последни 5 во финале, од 6 одделение двајца се во финале, а Емил Бојковиќ наш ученик од седмо одделение освои прво место. Од 8 одделение исто имаме двајца во финале. Натпреварот ќе има и продолжение, а ние се покажавме како најдобри - вели Драгиша Цветковиќ, директор на ОУ “Кочо Рацин“.

На натпреварот учествуваа 6000 ученици од цела Македонија.