Учениците од Табановце ќе соработуваат со Детската амбасада
Основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце потпиша меморандум за соработка со Детската амбасада за сите деца во светот и Детски едукативен центар “4 јули“ од Прилеп.
Соработката ќе придонесе за реализирање на повеќе едукативни работилници во 2013 година.
Со овој меморандум се уредуваат односите за соработка, како и правата и обврските кои произлегуваат од планот и програмата, помеѓу двете институции. Основната цел на овој меморандум е во интерес на децата. Училиштето е должно да назначи координатор кој ќе ја координира програмата помеѓу училиштето и Детската Амбасада, во рок од 3 дена од потпишувањето на овој меморандум-велат од училиштето.
На настанот присуствуваше Трајче Камчески, дете амбасадор на Детската амбасада на сите деца во светот во Македонија.