Мени

Ученичка од “Браќа Миладиновци“ државен првак во математика

16.05.2013 12:26 | KumanovoNews

 Осмооделенката Теа Стоиловска  од ОУ “Браќа Миладиновци“, викендов освои прво место на државниот натпревар по математика кој се оддржа во Велес.

Ученичка од “Браќа Миладиновци“ државен првак во математика

Јас сакам математиката уште од мала. Треба многу вежбање за да се постигне овој успех. Јас отидов со таа цел, да победам. Си обезбедив учество на македонска математичка олимпијада и се надевам дека успехот ќе го повторам за да одам на балканска олимпијада - вели Теа Стоилковска.

На овој натпревар учествуваа 120 основци од четириесетина македонски училишта.

 Ние ја освоивме најпосакуваната награда, прво место. Многу сме задоволни, успехот беше очекуван. И на математичка олимпијада очекуваме врвни резултати. Балканијадата потоа ќе биде во Турција - изјави Дафина Јосимовска, професор по математика.

Ученичката Марија Величковска од осмо одделение на истиот натпревар доби пофалница.