Мени

Ученичка од “Христијан Карпош“ најдобра по биологија во државата

19.05.2014 13:08 | KumanovoNews

Сандра Спасовска, седмооделенка од основното училиште “Христијан  Карпош“ викендов во Скопје освои прво место на државен натпревар по биологија.

Ученичка од “Христијан Карпош“ најдобра по биологија во државата

Со освоени 98 од можни 100 поени таа беше убедливо најдобра на натпреварот на кој учествуваа 18 ученици кои беа најдобри на регионалите натпревари. Материјалот беше од се она што досега е учено по предметот биологија. Ова ни е прв пат да имаме таков успех по биологија - рече Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Спасовска се закити со диплома за освоено прво место на државен натпревар по биологија.