Училиштата ги прославија патронатите
Основните училишта „11 Октомври„ и "Магдалена Антова", како и земјоделското училиште „Киро Бурназ„ со свечени седници и приредби ги прославија патроните празници.
Во ОУ „Магдалена Антова„ свеченоста се одржа во новата спортска сала, а пред бистата на патронот свежо цвеќе положија представници на училиштето, семејството и борците, бидејќи се навршуваат 70 години од загинувањето на Магдалена Антова.
Во ОУ "11 Октомври" на свечената седница присутните гости ги поздрави новата директорка Мерилин Стојановска, и со видео презентација го представи своето училиште, по што додели благодарници на соработниците и пригодни подароци на вработените со подолг работен стаж. Посебно се заблагодари на досегашниот директор Круме Младеновски, на кој му посакаа пријатни пензионерски денови. Во Центарот за култура се одржа приредба подготвена од учениците и нивните ментори.