Мени

Училиштата “Вук Караџиќ“ и “Дитурија“ станаа партнери

01.11.2013 11:25 | KumanovoNews

 Основните училишта “Вук Караџиќ“ од Куманово и “Дитурија“ од с.Липково вчера потпишаа договор за партнерство во рамки на  проектот за мултикултурна интеграција во образованието.

Училиштата “Вук Караџиќ“ и “Дитурија“ станаа партнери

Наставниците и професорите од двете училишта во иднина ќе треба да организираат заеднички активности.

Ќе соработуваат децата од различни возрасни групи. Ќе има креативни работилници, работилници за култура и фолклор, екологија и спортски активности. На крајот на оваа учебна година ќе има презентација на она што сме го сработиле - вели Надица Петровска, директор на ОУ“Вук Караџиќ“.

Овој проект се спроведува во целата држава со помош на УСАИД и ресорното министерство.