Мени

Училиштето “Христијан Карпош“ организира еко - маскенбал

29.03.2013 10:23 | KumanovoNews

 Во понеделник на 1 април во спортската сала во ОУ “Христијан Карпош“ ќе се одржи еко - маскенбал.

Училиштето “Христијан Карпош“ организира еко - маскенбал

Очекуваме да има убави маски од еко - материјали, како еко - отпад, хартија, стакло и кеси. Ќе има групни макси на ниво на генерација. На маскенбалот ќе учествуваат ученици од централното и од подрачното училиште, има доста простор, салата е голема. Најдобрите макси ќе бидат наградени, а ќе има и културно - забавна програма - вели Лидија Костиќ, директор на ОУ “Христијан Карпош“.

Ваков маскенбал за првпат се прави во училиштето, а дефилето на маски ќе почне во 11 часот.