Мени

Училиштето “Крсте Мисирков“ слави патронат

15.11.2013 11:44 | KumanovoNews

 Основното училиште “Крсте Мисирков“ денеска прослави 65 години постоење и успешна работа.

Училиштето “Крсте Мисирков“ слави патронат

По тој повод се одржаа приредба и научно едукативен саем. На приредбата учениците говореа за ликот и делото на нивниот патрон, Крсте Мисирков и за неговата книга “За Македонцките работи“.

 Неделава беа организирани училишни натпревари и најдобрите ученици беа наградени. Имавме посета на француската амбасадорка Лоренс Ое, бидејќи ние имаме билингвални паралелки и успеавме да го продолжиме и продлабочиме проектот. Се надевам ќе продолжиме да соработуваме со Француската амбасада. Имавме драма, поетско - музичка вечер, свечена седница на која беше презентиран филм за училиштето - изјави Александар Саздевски, директор на ОУ“Крсте Мисирков“.

Училиштето брои 1115 ученика распоредени во 45 паралеки и има 65 наставници.