Училиштето „Светозар Марковиќ“ го прослави Свети Сава
Во основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане вчера се одржа прослава по повод српскиот национален празник Св.Сава, првиот српски просветител и основоположник на српската просвета.
Во духот на традицијата беше пресечена славска погача од учениците, а гостите ги поздрави директорката Жаклина Милинковиќ.
Пред гостите беше изведена богата културно – забавна програма од ученици, кои рецитираа и изведоа драмски текстови поврзани со животот и делото на српскиот просветител.
На прославата присуствуваа: градоначалникот на општината Старо Нагоричане, претставници од советите на Старо Нагоричене и Куманово, директори и наставници, родители на учениците и други гости. Родителите особено дадоа свој допринос во прославата со вешто подготвени српски традиционаи јадења.