Мени

Училиштето во Драгоманце доби спортско игралиште

14.08.2014 09:49 | KumanovoNews

Повеќенаменско спортско игралиште е изградено од страна на Агенција за млади и спорт во дворот на основното училиште “Христијан Т.Карпош“ во село Драгоманце.

Училиштето во Драгоманце доби спортско игралиште

Игралиштето се опремува со спортски реквизити и од први септември учениците ќе можат да го користат.

Поставени се мрежи, кошеви, голови и треба игралиштето соодветно да се обележи. Неговата изградба почна во декември лани, но поради изборите се пролонгираше. Во новата учебна година игралиштето ќе го користат учениците и месното население - вели директорката Стојка Спасовска.

Во “Христијан Т.Карпош“ учат 90 ученици од прво до осмо одделение.