Училиштето „Вук Караџиќ„ одбележа 66 години постоење
30.04.2011 10:23
| KumanovoNews
Вчера беше прославен партониот празник во основното училиште „Вук Караџиќ„. Со богата програма, под мотото „Спомени од минатото-визија кон иднината„,учениците се претставија пред гостите, а за достигнувањата на учениците и вработените зборуваше директорот Трајан Петровиќ.
Тој истакна дека со право можат да се пофалат со успесите постигнати на општинските, регионалните и републичките натпревари, кои се должат исклучиво на посветеноста на вработените. Покрај бројните проекти и активности во изминатат година, од училиштето очекуваат оваа година да добијат сретства за реновирање на училишната зграда. Во чест на патрониот празник учениците учествуваа на повеќе спортски активности и литературни читања.