УЈП денес и утре ќе работи до 20 часот
14.03.2011 14:31
| KumanovoNews
Канцеларијата на Управата за јавни приходи Куманово денес и утре ќе работи со продолжено работно време до 20 часот, со цел да им се излезе во пресрет на даночните обврзници.
УЈП очекува до истекот на законскиот рок, 15 март , уште над 50 илјади граѓани да ги пријават приходите остварени минатата година.
До сега поднесени околу 100 илјади годишни пријави, информираат од УЈП.