Мени

УЈП затвори осум фирми во Куманово

30.11.2012 08:34 | KumanovoNews

 Во акција направена вчера УЈП затвори осум објекти во Куманово поради неиздавање на фискални сметки.

УЈП затвори осум фирми во Куманово

На фирмите кои примале пари во готово УЈП им изрекува забрана за работа во рок од 15 дена, плус парична казна во висина до 3250 евра.

Акции се направени деновиве во Тетово, Гостивар, Штип, Прилеп, Кавадраци, Битола и Скопје при што се затворени над 93 фирми заради неправилности во работењето.

На терен излегоа пазарни и трудови инспектори за да проверат колку газдите ги почитуваат законите.