Мени

Украден монитор во Центарот за социјални работи

28.06.2013 10:58 | KumanovoNews

 Непознати сторители ноќеска провалиле во канцеларијата на директорот на Центарот за социјални работи и украле монитор од компјутер.

Украден монитор во Центарот за социјални работи

 Крадците го скршиле стаклото на прозорец преку кој влегле во просторијата, а потоа и врата на канцеларијата. Кражбата била забележана кога вработените дошле на работа. Граѓаните кои утрово дошле во  Центарот за социјални работи чекаа надвор додека полицијата вршеше увид.