Мени

Украдени 20 рози на Градски кеј

25.03.2014 10:37 | KumanovoNews

  Непознати сторители украле 20 рози од вкупно 120 кои беа засадени минатата недела на Градскиот кеј, од ЈП “Чистота и зеленило“.

Украдени 20 рози на Градски кеј

Несовесните граѓани ги крадат и најверојатно дома ги засадуваат розите. Вакви проблеми сме имале отсекогаш. Не само на кеј, туку и на Градски плоштад ги уништуваат цвеќињата и пред суд ни се случувало да ни снема садници. Ние ги садиме цвеќињата за да биде градот поубав за сите нас. Ако им треба цвеќе можат да си купат, ние имаме пролетен расад, уште малку ќе биде готов и летниот расад - вели Благица Јовановска, раководител на техничко - технолошки сектор во ЈП“Чистота и зеленило“.

Јовановска додава дека во наредниот период ќе формираат цветни насади на излез од Куманово  кон соседните градови.