Мени

Украдени 5 буриња маслинки

12.08.2013 13:48 | KumanovoNews

 Кусок од 250 килограми маслинки е откриен во товарен воз кој транзитирал од Грција за Австрија.

Украдени 5 буриња маслинки

Возот пристигнал на царинската испостава Железничка станица Табановце и бил пријавен за излез од државата. При извршената контрола,  констатирано е дека еден од контејнерите е со скината пломба. Притоа, утврдено е дека фалат 5 пластични буриња со по 50 килограми маслинки во саламура или вкупно 250 кг маслинки.