Мени

Улица во Черкезе ќе се асфалтира

02.03.2011 14:58 | KumanovoNews

 Утре започнува реконстукција и асфалтирање на улица во Черкеско село. Двата крака од улицата „1„ и „1А„ е во должина од 800 метри.

Улица во Черкезе ќе се асфалтира

Со подобрување на временските прилики отпочнуваат нашите активности на терен. Се работи за земјен пат, кој ќе се тампонира и оивичи, по што ќе се асфалтира. Вкупната вредност на проектот изнесува 5,5 милиони денари. Согласно договорот со изведувачот работите треба да се завршат максимално за 30 дена- вели Момчило Јовановски, заменик раководителот во Секторт за урбанизам.

Изведувач на работите е претпријатието Хуљуси комерц.