УНИЦЕФ ќе интервјуира воспитувачки во градинка
31.01.2014 12:22
| KumanovoNews
Претставници на УНИЦЕФ во понеделник ќе извршат мониторинг и евалуација во градинката “Анѓел Шајче“ во врска со спроведувањето на програмата за ран детски развој.
За таа цел ќе бидат интервјуирани дел од вработените и дел од родителите на децата кои посетуваат градинка.
Со ова ќе видиме кои се резултатите од програмата за ран детски развој 2005 - 2013, како тече спроведувањето и кои се чекорите за во иднина. Интервујата ќе ги направат двајца консултанти надворешно ангажирани од регионалната канцеларија во Женева - велат од УНИЦЕФ.
Интервјуа од ваков тип се направени во градинки во Тетово, Штип, Скопје, а по Куманово на ред се градинките од Битола и Кичево.