Мени

Уписите во средно на 17 и 18 јуни

15.06.2011 13:54 | KumanovoNews

 Министерството за образование и наука информира дека првото пријавување и запишување на ученици во прва година, во јунскиот уписен рок, ќе се врши на 17 и 18 јуни 2011 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 21 јуни 2010 година.

Уписите во средно на 17 и 18 јуни

Во средните училишта во општините Куманово и Липково има над 2,5 илјади слободни места.

Според објавениот конкурс во гиманзијата „Гоце Делчев„ во прва година ќе може да се запишат  408 ученици во 12 паралелки  на македонски јазик и една паралелака на српски јазик.

Во гимназијата на албански јазик „Сами Фрешери„ има место за 306 ученици во 9 паралелки.

Во ССОУ „Киро Бурназ„ слободни места има за вкупно 476 ученици, односно ќе може да се запишат во 14 паралелки и наставата ќе ја следат на македонски јазик и 4 паралелки на албански јазик.

Во СОУ „Перо Наков„ ќе може да се запишат 680 ученици, со по 10 паралелки на македонски и албански јазик.

Во ОСТУ „Наце Буѓони„  има место за 640 ученика, од кои 9 паралелки на македонски и 11 на албански јазик.

Во општината Липково, во СОУ „Исмет Јашари„ ќе се запишат 136 ученика во 4 паралелки на албански јазик.