Уште една успешна крводарителска акција
Во клубот “Христијан Т.Карпош“ денеска се оддржува крводарителска акција во сеќавање на Александар Ковачевски, член на Здружението на армиски и полициски ветерани кој минатат година неднадејно почина.
Акцијата ја организира семејството и Здружение, во соработка со Црвен Крст.
На овој начин членовите на здружението сакаат да му оддадат почит на Ковачевски кој бил долгогодишен крводарител.
- Во моментот има доста интерес и се надеваме дека ќе собереме солиден број на крвни единици. Како организатори ни е драго што успеавме да ја оддржиме оваа традиција и се надевам дека тоа ќе трае со години, после нас ќе остане. Тоа е убава, хумана работа - рече Киро Соларски, секретар на Здружение на армиски и полициски ветерани.
Се очекува да бидат собрани над 40 крвни единици до завршување на акцијата.
- Мажот ми беше хуман човек, ние сме хумано семејство, сме помагале и ќе останеме и понатаму да помагаме. Ќе го следиме неговиот пат, неговите дела и ќе ги почитуваме секогаш. Чувствувам за потреба да се заблагодарам на Клубот на ветерани за уште минатата година подадената рака за соработка и за дадената иницијатива, за поддршката од Црвен Крст, за трансфузиологија Куманово и на сите наши граѓани, пријатели, соработници - вели Елизабета Ковачевска, сопруга на Александар Ковачевски.
Акцијата за дарување на крв се организира втора година по ред и сите кои се вклучуваат во нејзино реализирање ќе добијат благодарници.