Мени

Утре целосно затемнување на месечината

14.06.2011 08:23 | KumanovoNews

 Целосно затемнување на месечината ќе има утревечер, а ќе биде видлив и од Македонија, информираат од Скопското астрономско друштво.

Утре целосно затемнување на месечината

Затемнувањето ќе се случува во периодот од 19:24 до 01:01 часот. Месечината целосно ќе биде навлезена во сенката од земјата во периодот од 21:22 до 23:02 часот.

Затемнувањето може да се види со голо око, од двоглед или телескоп.