Мени

Утре “Отворени денови со Централен регистар“

17.12.2013 11:53 | KumanovoNews

Во просториите на Централен регистар регионална канцеларија Куманово, утре од 9 до 16 часот ќе се оддржат “Отворени денови со Централен регистар“.

Утре “Отворени денови со Централен регистар“

Граѓаните можат да дојдат во институцијата и за се што ги интересира да ги прашаат вработените во Централен регистар.

Истовремено во фоајето на Центар за култура “Трајко Прокопиев“ во 10 часот ќе биде организирана непосредна обука за електронско поднесување на годишни сметки и електронска регистрација на правни лица. Сите овластени сметководители и други заинтересирани можат да присуствуваат на обуката.