Мени

Утре се фрла светиот крст

18.01.2011 10:10 | KumanovoNews

На одбележувањето на големиот православен празник Богојавление - Водици, традиционално во  двете цркви во градот ќе се организира фрлање на светиот крст во црковните базени.

Утре се фрла светиот крст

Во црквата „Св. Никола„ богослужбата ќе започне во 8 часот наутро, по што ќе следува лицитација на крстот. Оној што ќе даде најголема понуда ќе стане годинешен кум.

Богојавленскиот свет крст ќе се фрла во водите на базенот на црквите „Св.Никола“ и „Св.Тројца„ во 9 часот. Оние што ќе го фатат крстот ќе добијат подароци од црквата и од спонзорите.