Утре се одработува “Ден на дрвото“
29.11.2013 09:13
| KumanovoNews
Институциите и училиштата кои не работеа во средата поради оддржување на акцијата “Ден на дрвото“ ќе работат утре.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со донесениот заклучок на Владата на Република Македонија во врска со акцијата “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” којашто се спроведе на 27.11.2013 година (среда), овој неработен ден ќе се одработи на 30.11.2013 година (сабота).