Мени

Утрово - 11 степени

14.12.2012 09:24 | KumanovoNews

 Во Куманово утринската температура беше -11 Целзиусови степени.

Утрово - 11 степени

Најладно било во Тетово и Гостивар каде се измерени -15 степени. Во Кавадарци температурите се -11, а во Пехчево и Берово -9.

Како и обично најтопло е во Гевгелија, Неготино, Валандово каде температурите се движат околу 1 степен.

Денеска дневните температури ќе се движат од -5 до 1 степен, а утре не очекува студено и облачно време со дневна температура од - 1 степен. Во недела и понеделник ќе има мало затоплување бидејќи дневните температури ќе бидат до 1 степен.