Узурпирал државно земјиште и отворил каменолом
20.11.2013 13:10
| KumanovoNews
Ј.С.(50) од Куманово си узурпирал државно земјиште на кој поставил барака и почнал да ископувал камен.
Тој во октомври годинава незаконски го завземал градежно земјиште сопственост на Република Македонија и на него изградил времен објект, а со багер ископувал минерални суровини - камен.
Ј.С. кривично ќе одговара за “узурпација на недвижности“ и “незаконска експлоатација на минерални суровини“.