Мени

Вароза ги напаѓа пчелите

13.08.2013 08:11 | KumanovoNews

Во лето пчелите заболуваат од вароза, болест која ја предизвикува паразит и може да доведе до угинување на пчелните семејства.

Вароза ги напаѓа пчелите

Народски кажано тоа е крлеж кој го ослабнува имунитетот на пчелите и тие угинуваат.

Варозата ја има преку цела година, но најопасна е во лето. Крлежите несат јајца, се размножуваат, се закачуваат за телото на пчелите и ги уништуваат. Пчеларите пред да ги третираат пчелните семејства со препарати треба прво да го извадат медот бидејќи хемиските препарати се благодет за пчелите, но се отвор за медот - објаснува Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.

Доколку семејствата се заразени со вароза тоа може да се забележи по кречливото легло.