Мени

Вечерва прослава на Стара нова година

13.01.2011 08:58 | KumanovoNews

 Интересот за прослава на Старата нова година е многу послаб во споредба со минатите години.

Вечерва прослава на Стара нова година

Граѓаните се повеќе ја напуштаат традицијата на прослава во рестораните и се одлучуваат оваа вечер да ја поминат дома. Во градот не се чувствува раздвиженост околу подготовките за овој празник.

Ние не ја славевме ни Новата, а не сега доаѓањето на старата нова година. Се подготвуваат тие што имаат пари, ние утре ќе си правиме бареница за Василица, и тоа ќе ни биде- вели една постара госпоѓа.

Во неколку ресторани во градот се нуди организирана прослава на старата нова година за цена од 900 денари, но интересот е слаб, кажуваат сопствениците. Во дискотеките и кафулињата не се нуди мени, па гостите доколку се одлучат  вечерта да ја поминат таму ќе платат како и секоја останата вечер.

Традиционално секоја година за Православната нова година се организира Српската вечер на која овој пат ќе гостува Маринко Роквиќ.