Велигденски саем за помош на Никола Вулетиќ
Велигденски саем за помош на Никола Вулетиќ денеска се оддржа на Градскиот плоштад во организација на основното училиште “Кочо Рацин“ и Црвен Крст Куманово.
Се продаваа велигденски корпи, честитки и украси изработени од учениците и од волонтерите, а средствата собрани од продажба ќе бидат донирани за лекување на Никола Вулетиќ.
Саемот е со хумана цел и средствата ќе бидат уплатени на сметка на нашиот ученик Никола Вулетиќ. Се продаваат детски креативни творби рачно изработени и по повод Велигденските празници. Нив ги изработија ученици од трето, четврто и петто одделение - вели Оливера Шутевска, одделенски наставник во “Кочо Рацин“.
За постоперативно лекување на Никола Вулетиќ му се потребни 100.000 евра и по тој повод беа организирани бројни настани за собирање на средства.