Верниците се простуваат од владиката Кирил
Посмртните останки на митрополитот полошко - кумановски господин Кирил, денеска се изложени во црквата Свети Никола каде се оддржува литургија на упокоени.
Верниците палат свеќи за покој на душата на владиката и велат дека ова е голема загуба за христијанските верници.
Дојдов да му оддадам почит. Синоќа разбравме дека по кратко боледување човекот починал. Тој доаѓаше секогаш тука за Летна Свети Никола и за зимска Свети Никола на 19 декември. Бог да го прости. Ќе живее во нашите срца. Многу ми е жал, како родител да ми починал. Тој е наш православен верник. Ќе останам на литургија и на погребот во Дељадровци ќе одам - вели Драган Димитриевски, верник.
И останатите верници владиката Кирил ќе го паметат како добар човек кој лично го среќавале на многу црковни собири.
Имаше многу луѓе утрово. Дојдоа запалија свеќа и отидоа на работа. Многумина сигурно сакаат да дојдат да му оддадат почит, но имаат работни обврски. Беше добар човек, не водеше по добар пат - рече граѓанка од Куманово.
Телото на метрополитот утре ќе биде во Тетово, а погребот ќе биде во село Дељадровци.