Мени

Вештините по прва помош корисни за младите

26.06.2013 14:57 | KumanovoNews

Натпреварот што го организираше Црвен крст, учениците ги покажаа своите вештини за укажување прва помош.

Вештините по прва помош корисни за младите

Од средните училишта прво и трето место земаа екипите од Гимназија “Гоце Делчев“, а втори се учениците од “Наце Буѓони“.

Прва помош учениците вежбаат во рамки на проектни активности. Овие знаења се многу корисни за младите. Доколку на некој ученик му се слоши ќе знаат како да реагираат и да му помогнат. Ние како екипа планираме да се пријавиме за натпреварот “Науката не е баук“ кој се оддржува во Ниш, Србија, но тоа допрва ќе го планираме кога ќе почне учебната година - изјави Драган Илијевски, професор во Гимназија “Гоце Делчев“.

Клубот на млади од Црвен Крст настапи во ревијалниот дел,  но тие собраа најмногу поени, се покажаа како доста вешти во пружање на прва помош и ќе учествуваат на републички натпревар во септември.