Ветераните организираат дружење во Градиште
21.08.2013 12:55
| KumanovoNews
Здружението на армиски и полициски ветерани во петок од 11 до 14 часот организира дружење во село Градиште.
Поканети се луѓе од активен состав на АРМ и СВР Куманово. Средбата е резултат на нашата плодна соработка која во иднина сакаме да ја прошириме. Ова ни е прво вакво дружење, но сакаме истото да прерасне во традиција - вели Киро Соларски, организационен секретар во здружението.
Заедничката средба ќе биде во природа во близина на манастирот во село Градиште.