Ветеринарите советуваат - заштитете се од крлежи
18.04.2013 09:23
| KumanovoNews
Ветеринарите ги советуваат сопствениците на домашни миленичиња да ги заштита од крлежи.
Ветеринарот Димитар Венев од Ветеринарната станица “Тодор Велков“ во Куманово, потсетува дека во пролет има наезда од крлежи во природата.
Во пролет има наезда на крлежи. Граѓаните треба навреме да се заштитат, да си купат средства за прскање. Ако во двор имаат висока трева, треба да ја окосат и култивираат. Кај животните крлежите предизвикуваат пет - шест болести од кои некои се неизлечиви. Таква е лаишманија, за која луѓето не се многу информирани и е смртоносна - вели Венев.
Тој објаснува дека овој период милениците се подложни на настинки, инфекции и затоа при први симптоми тие треба да се донесат на ветеринар.