Вежба за прва помош во “Наце Буѓони“
09.05.2014 11:32
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст и учениците од “Наце Буѓони“, денеска демонстрираа како се укажува прва помош.
Оваа вежба е дел од активностите за одбележување на Денот на Црвен Крст и 12 Мај - Светскиот ден на медицинските сестри.
- Најважно е да се пружи прва помош додека да стигне стручна медицинска помош. Да го заштитиме човекот од други повреди и временски услови, а тоа треба да се направи со смиреност и сигурност. Воедно во просториите на училиштето беше оддржана видео презентација на тема прва помош и заштита од ученици од трета година - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.
На тема прва помош на 27 мај Црвен Крст ќе организира општински натпревар.