Мени

Висока делегација во посета на Црвениот Крст

27.10.2011 11:53 | KumanovoNews

 Претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст Роџер Брек и Иман Улах го посетија општинскиот Црвен крст Куманово.

Висока делегација во посета на Црвениот Крст

 На средбата, секретарот Иле Митковски ги запозна гостите со досегашната работа на општинската организација, како и за тековните активности и натамошните планови и проекти, кои ќе се реализираат.

На крајот од средбата која траела околу час и половина, гостите заминале задоволни од виденото и посакале уште многу успеси во работата.