Мени

Владина помош за поплавените домаќинства

06.03.2013 15:47 | KumanovoNews

 За 175 поплавени семејства  во Куманово, денеска пристигнаа пакети со облека, обувки и средства за лична хигиена од Владата.

Владина помош за поплавените домаќинства

 Помошта во текот на денот ќе им биде поделена на домаќинствата. Наредните денови очекуваме и покрупна техничка стока, која ќе се даде на семејства. Затоа ги повикуваме корисниците кои живејат во близина на Центарот во текот на неделата да ја подигнат оваа помош, а за оние кои се подалеку ние ќе им доставиме. Оние лица кои  се запишани од Центарот за социјални работи ќе ја добијат неопходната помош - изјави Даниел Живачки, директор на Центар за социјални работи.

Тој додаде дека на семејствата им се исплатени по 15.000 денари парична помош. Пакетите помош се обезбедени со стока која и припаѓала на Царинската управа и Агенцијата за управување со конфискуван имот.

Вчера општина Центар и Владата обезбедиле чиста вода за пиење за жителите на Довезенце, Клечовце и Јачинце, бидејќи нивната вода не е исправна за пиење.