Мени

Власите одбележуваат 200 години од објавување на граматиката

19.09.2013 08:40 | KumanovoNews

Членови од Здружението на Власи од Куманово утре во Штип ќе учествуваат на одбележувањето на 200 години од објавувањето на првата влашка граматика од Михаил Бојаџи.

Власите одбележуваат 200 години од објавување на граматиката

Ова е голем јубилеј за влашката заедница. Во Штип ќе има претставници од повеќе влашки здруженија од Македонија, а ќе има и луѓе од надвор.  Во рамки на манифестацијата ќе погледнеме изложба на влашки носии. Идната година по повод издавањето на влашката граматика планираме да организираме активности во Куманово - изјави Нако Николовски, претседател на Здружение на Власи од Куманово.

Во 1813 година влашкиот научник Михаил Бојаџи ја објавил влашката граматика, напишана на влашки и на германски јазик.