Мени

Внимавајте лизгави тротоари!

30.01.2014 10:39 | KumanovoNews

Нека излезе градоначалникот и неговите служби да видат каков им е градот. Нели тврдеа дека се спремни за снегот, велат граѓаните

Внимавајте лизгави тротоари!

Делови од улици и повеќето тротоари во градот се вистински лизгалишта. Снегот кој вчера почна да се топи, ноќеска се заледил и сега граѓаните одат како по стакло. Револтирани поради ваквата состојба бараат надлежните да ги исчистат ледот од тротоарите, бидејќи претставува опасност за нивното здравје.

Крајно претпазливо се движам по заледените тротоари и поминувам онаму каде што е чисто. Неможе човек нормално да се движи, а осоебно е тешко за луѓето кои се со здравствени проблеми. Нека излезе градоначалникот и неговите служби да видат каков им е градот. Нели тврдеа дека се спремни за снегот - вели еден револтиран граѓанин.

По тротоарот пред Општа болница Куманово воопшто не може да се оди. За да не паднат граѓаните поминуваат покрај дрворедот каде што има неразгазен снег.

Едвај се оди, многу слабо е исчистено. Треба да се исчисти што поскоро. Се лизгаат луѓето, ама постарите ако паднат ќе се повредат - вели Часлав Бајдевски, граѓанин.

Од секторот за инспекциски кадзор во Општина Куманово велат дeка вчера нема казнети дуќанџии поради неисчистен снег.