Мени

Во „Христијан Карпош„ предавање за заштита од дрога

23.04.2013 14:26 | KumanovoNews

 Во ОУ „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо„ денеска беше промовиран проектот „Заедно за среќно и безбедно детство“, кој има за цел да ги запознае децата како да ја избегнуваат дрогата.

Во „Христијан Карпош„ предавање за заштита од дрога

Преку практични примери учениците од четврто одделение беа запознаени како да се заштитат ако некој им понуди наркотични сретства, при што им беше сугерирано да не отвараат врати на непознат човек, да не се влегува со непознато лице во автомобил, да не земаат нешто непознато или познато од непознат човек и многу други содржини извлечени од секојдневието.

„Целта на овој проект е навреме да се запознаат учениците како да се справат со проблемите, на кои можат да наидат во секојдневиниот живот. Проектот е во функција на подигање на нивото на знаење кај децата и  содржи четири содржини. Денеска ја презентиравме првата која е намената за превенција од дрога. Проектот ќе биде комплетен доколку се презентираат и трите останати содржини“.- изјави Миле Гиновски советник од Министерството за образование

На предавањето присуствуваа ученици од четврто одделени, родители, бизнис сектор, наставници и директори од неколку училишта во Куманово.